Баерн Минхен доби уште една „корпа“ во овој преоден рок

Флоријан Вирц, па Нико Вилијамс… На Баерн Минхен никако да му тргне со посакуваните имиња сезонава. Успеаја да го донесат само Џонатан Та, кој се заколна на „верност“ со Баварците, а сега најновото име кое го одби тимот на „Баварците“ е Бредли Баркола од ПСЖ.

Французинот ја одби можноста да се пресели од таборот на европскиот првак во Баварија, па сега најтрофејниот германски тим ќе го активира планот „Д“. А тој се вика Рафаел Леао.

Вирц прифати да игра за Ливерпул, Вилијамс истакна дека ќе оди во Барселона, Баркола останува во ПСЖ, Лерој Сане замина, па сега на ред е Леао. Меѓутоа проблем е што Милан не сака да се откаже од неговите услуги за сума помала од 75 милиони евра. Се споменува дека ќе бидат побарани и повеќе, односно со бонуси 80-85 милиони евра.

Не дека Баерн нема пари, но нивната намера беше 150 милиони на Вирц, а сега кога работите се сменија, прашање е дали за Леао се подготвени да платат околу 80 милиони.

Се вчитува...