Баерн Минхен добива „засилување“ за гостувањето кај Астон Вила?

Баерн Минхен може да добие значајно засилување за престојниот натпревар против Астон Вила во Лигата на Шампионите кој е закажан за денеска со почеток од 21 часот.

На гостувањето во Англија тренерот Винсент Компани најверојатно ќе може да смета на услугите на репрезентативецот на Англија, Хари Кејн кој се рехабилитираше од повредата на левиот скочен зглоб.

Откако се здоби во повреда на дербито во германското првенство против Баер Леверкузен, фантастичниот голгетер тренираше со екипата, но сепак последната одлука за негов настап на „Вила Парк“ ќе биде познат непосредно пред почетокот на средбата.

 

Се вчитува...