Баерн Минхен договори големо засилување и тоа бесплатно

Десниот бек на Ајакс, Нусаир Мазрауи по завршувањето на сезоната ќе ја продолжи кариерата во Баерн Минхен. 24-годишниот играч од Мароко, се согласил на четиригодишен договор, со опција за продолжување на уште една.

Платата на мароканецот во таборот на „Баварците“ ќе биде 4 милиони евра, плус бонуси. Договорот на десниот бек истекува на крајот од сезоната, па така Баерн ќе добие големо засилување без да плати евро обесштетување.

Порано десниот бек се поврзуваше со трансфер во Барселона, меѓутоа поради ограничувањата со платата, стана многу комплицирано за нови играчи во таборот на „Каталонците“.

Се вчитува...