Германскиот првак Баерн Минхен продолжува во четвртфиналето на Купот на Германија, откако на домашен терен ја совлада Борусија Дортмунд со 2-1. Баварскиот тим беше подобар и успеа да слави на овој меч, а поведе со 2-0 во првото полувреме, со головите на Џером Боатенг и на Томас Милер. „Милионерите“ намалија во вториот дел преку Јармоленко, но немаа сили за израмнување.
Вердер го совлада Фрајбург со 3-2, а Баер Леверкузен славеше на гости против Борусија Менхенгладбах со 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА