Баерн Минхен денеска и официјално ги претстави новите домашни дресови со кои баварскиот гигант ќе настапува на натпреварите на „Алијанц Арена“ во сезоната 2023/24.
Баварците ја променија црвената како основна боја, па во новата сезона ќе настапуваат во дресови со бела основа и црвена комбинација по ракавите.
Првите импресии на навивачите воопшто не се позитивни, но со оглед на големината на брендот Баерн Минхен, не сомнеж дека во наредните месеци овие дресови брзо ќе се продаваат. Инаку, цената на официјалната веб-страница на Баерн изнесува 99,95 евра за возрасни и 75 евра за дрес за деца.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА