Баерн Минхен го бара Тимо Вернер, а агентот вели „првпат слушам“

Германскиот првак Баерн Минхен се обидува да ја засили навалната линија со напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер. Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ добил наредба да отпочне разговори со раководството на бундеслигашот. Баерн Минхен би платил 20 милиони евра за фудбалерот на кој следното лето му истекува договорот со клубот.

Сепак, агентот Карлхајнц Форстер, кој го застапува Тимо Вернер, вели дека првпат слуша за желбите и плановите на Баерн Минхен и досега нема добиено никаква понуда за напаѓачот. Дали Баерн Минхен „добро игра“ или допрва ќе следи акцијата за ангажман на Тимо Вернер?

Се вчитува...