Баерн Минхен и Лерој Сане се блиску до конечен договор. Како што пренесуваат германските медиуми, Баерн решил да го продолжи договорот со Сане, бидејќи сегашниот му истекува на лето.
Сепак, Сане мораше да прифати значително намалување на платите, иако бројките не беа откриени. Досега Сане беше во првиот ред, меѓу најплатените играчи, но сега тоа веќе нема да биде така.
„Билд“ открива дека не биле сите во управата на Баерн за тој да остане и да ја продолжи соработката, но главен предлагач бил Макс Еберл, кој ја водеше операцијата и преговорите, кој е најголемиот фан на Сане во клубот.
Сане пристигна во Баерн летото 2020 година за 50 милиони евра. Досега одигра 212 натпревари, постигна 59 гола и забележа 52 асистенции.
Неговото останување е уште едно во низата значајни засилувања оваа година, бидејќи Мануел Нојер, Џошуа Кимих, Алфонсо Дејвис, Џамал Мусиала добија нови договори од почетокот на 2025 година, додека останува да се види што ќе прави Баерн со Леон Горецки и Серж Гнабри, кои имаат договори за уште една година, односно до јуни. Сигурно е дека Баерн нема да му го продолжи договорот на Томас Милер кој по 25 години си заминува од таборот на „Баварците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА