Баерн Минхен го има најдобриот одбранбен играч во Евролигата

Кошаркарот на Баерн Минхен, Ник Вајлер Баб, е избран за најдобар одбранбен играч во Евролигата за сезоната 2024/25, соопштено е денеска на официјалната веб-страница на елитното европско натпреварување.

Одличниот бек кој импресионира со тоа што одлично се снаоѓа на неколку позиции во тимот има зад себе квалитетна сезона, во која во просек бележеше 8,4 поени, 5 асистенции, 4,2 скокови и 1,6 украдени топки по натпревар. Сепак, неговиот придонес во одбраната е многу позначаен од она што го покажуваат бројките, па Вајлер Баб заслужено стана првиот кошаркар во историјата на Баерн кој стигнал до оваа престижна награда.

Второто место во изборот му припадна на центарот на Реал, Валтер, Тавареш, трет беше Алфа Диало од Монако, пред Грант од Панатинаикос и ланскиот победник Томас Вокап од Олимпијакос, кој сезонава се најде само на петтата позиција во гласањето.

Ова е третата награда што Евролигата ја додели за оваа сезона. Претходно, признанието „Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец заврши во рацете на Кендрик Нан од Панатинаикос, додека за „ѕвезда“ во подем беше избран кошаркарот на Париз, Надир Хифи.

Се вчитува...