Кошаркарите на Дубаи славеа на домашен терен против Баерн Минхен со 89-88 во премиерниот натпревар од денешната понуда од 15. коло од новата сезона во Евролигата.
Oткако во првата четвртина двата тима одиграа израмнето, а за нијанса беше подобар домаќинот (24-23), Баварците одиграа многу подобри во следните два периода, па пред влезот во последните десет минути имаа предност од 58-66.
Kошаркарите на Дубаи одиграа неверојатна последна четвртина и успеаја да направат целосен пресврт и да слават со 89-88. Врајт со 22 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Обст постигна 21 поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

