Германскиот првак Баерн Минхен планира големо реновирање на тимот во летниот преоден рок. Погледите се насочени кон Мадрид. Едната желба е меѓу „кралевите“, Марко Асенсио, а втората е од составот на Атлетико Мадрид, и треба да биде големо засилување за одбраната. Баварскиот клуб сака да го купи дефанзивецот на „јорганџиите“, Лукас Хернандез.
„Лукас е одличен фудбалер, а ние сигурно ќе сториме се за да ја засилиме и одбраната. Тој има голема откупна клаузула, но ние сме подготвени да ја платиме. Тоа е сепак работа на спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ“, изјави првиот човек на Баерн Минхен, Ули Хенес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА