Германскиот првак Баерн Минхен продолжува со стратегијата за купување на најдобрите германски фудбалери. Оваа зима на „Алијанн арена“ би можел да пристигне напаѓачот на Хофенхајм и германски репрезентативец, Сандро Вагнер. Ваквата можност ја потврди и Карл – Хајнц Румениге.
„Хофенхајм не мисли да го продаде Вагнер за мали пари, но ќе разговараме со тренерот и ако Вагнер му е потребен, ќе се обидеме да го доведеме во нашиот тим“, истакна Карл-Хајнц Румениге.
Германските медиуми најавуваат дека Вагнер речиси сигурно ќе пристигне во Баерн Минхен оваа зима. Неговата сопруга веќе е во Минхен и бара нов дом за семејството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА