Германскиот првак Баерн Минхен сака да ја засили навалната линија, а прв „пик“ на тренерот Нико Ковач и на раководството на клубот е репрезентативецот Тимо Вернер. Напаѓачот на Лајпциг и претходно доби понуда за да се пресели на „Алијанц арена“ и ја одби, но Баерн Минхен е упорен и повторно ќе се обиде да го ангажира во зимскиот преоден рок.
„Ако играш за Лајпциг и сакаш да останеш во Германија, тогаш единствено ти преостанува да се преселиш во друг клуб. Мислам дека не сакам да си заминам од Германија“, изјави Тимо Вернер, но не ја отфрли можноста за трансфер.
Напаѓачот има договор со Лајпциг до 2020 година, а Баерн Минхен ќе се обиде да го доведе веќе оваа зима.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА