Германскиот првак Баерн Минхен загуби на два фронта оваа сезона, откако веќе доживеа елиминација во Лигата на шампионите и во Купот на Германија. На баварскиот клуб му останува да ја одбрани шампионската круна, во што веројатно и ќе успее, но тоа и нема да даде премногу задоволителна оценка за резултатите во оваа натпреварувачка година. Оттаму на удар е и шефот на стручниот штаб, Карло Анчелоти.
Германскиот таблоид „Билд“ тврди дека раководството на Баерн Минхен размислува за разделба со италијанскиот стратег, а во комбинација се неколку нови имиња, меѓу кои и германскиот селектор Јоаким Лев, но и младиот стратег на Хофенхајм, Џулијан Нагелсман. Резултатите не се за пофалба, но главниот проблем во Баерн Минхен е недоволната подготвеност на екипата. По поразот од Борусија Дортмунд на „Алијанц арена“ и елиминацијата во Купот на Германија, дел од фудбалерите имале одвоени разговори со челниците на клубот, при што било откриено дека тие сепак не се најдобро подготвени.
„Билд“ открива дека Анчелоти имал многу мека рака во Баерн Минхен и дека тренинзите многу ретко траеле повеќе од еден час, а фудбалерите не се максимално подготвени за битката на три фронта. Токму затоа и два трофеи веќе им побегнаа оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА