Баерн Минхен го објави планот за Коман

Кингсли Коман останува во Баерн Минхен, соопштија од клубот. Раководството ја прифатило понудата за него од Ал-Хилал, но тој самиот решил да продолжи да игра на Алијанц Арена.

„Кингсли ќе продолжи да биде дел од Баерн “, изјави директорот Макс Еберл.

Коман е надвор од стартната постава од почетокот на сезоната под водство на новиот шеф Винсент Компани, играјќи само 73 минути во три натпревари. Минатата недела имаше опција за негов трансфер во Арсенал , но на крајот лондончани го земаа Рахим Стерлинг .

Се вчитува...