Рандал Коло Муани е изборот на Баерн Минхен за засилување на напаѓачката позиција, пренесува „Л’Екип“. Баварскиот гигант веќе ги контактирал агентите на францускиот голгетер и очекувањата се дека ќе биде испратена официјална понуда до Ајнтрахт Франкфурт и покрај договорот со важност до 2027 година.
Муани оваа сезона настапи на 23 натпревари во сите конкуренции за германскиот состав, а постигна осум гола и единаесет асистенции. Минхенскиот гигант во 24-годишникот гледа како вистинско засилување за долги стази, а предност е тоа што веќе се адаптираше на Германија.
Младиот напаѓач неочекувано доби и повик во репрезентацијата на Франција за Светското првенство во Катар, постигна и гол во полуфиналето, а можеше да стане и национален херој доколку успееше да го совлада Емилијано Мартинез во последните секунди од финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

