Нико Ковач не го дочека утрешниот ден како тренер на Баерн Минхен откако управата вечерва донесе одлука за разделба од хрватскиот стратег. Баварците не можеа да му го простат на Ковач катастрофалниот пораз од 5-1 од Ајнтрахт, што надополнет со незадоволство на дел од играчите придонесе Хрватот да биде отпуштен од тренерската функција на „Алијанц Арена“.
На вечерашниот состанок присустувале Румениге, Хенес и Салихамиџиќ, кои му ја изрекле „пресудата“ на стратегот што минатата сезона успеа да стигне до титулата, но не и да ги освои симпатиите на германската јавност и на навивачите на Баерн.
Се очекува баварскиот гигант во следните 48 часа да ја интензивира потрагата и да именува нов тренер, а во игра се врвни имиња како Мурињо, Алегри и Венгер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА