Светот се повеќе го тресе конфликтот меѓу Израел и Палестина. Од целите случувања не се лишени ниту фудбалерите, кои секојдневно објавуваат свои ставови за ситуацијата, а доста често заземаат една од двете страни.
Фудбалерот на Баерн, Нусаир Мазрауи е на удар на германската јавност затоа што јавно ја поддржа Палестина. Тој објави пропалестински пост на социјалните мрежи со цитат од Куранот.
Билд пишува дека Мароканецот го пропуштил утринскиот тренинг на Баерн и дека германскиот клуб би можел да го суспендира. Мазрауи и челниците на Баерн разговараа вчера и сега се чека официјална потврда. Билд пишува дека тоа значи дека Мароканецот ќе го напушти клубот во јануари. Тој во Баерн пристигна пред една година откако му истече договорот со Ајакс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

