Германскиот првак Баерн Минхен ова лето ќе „пазари“ замена за ветераните Арјен Робен и Франк Рибери. Во тандем со Кингсли Коман, во иднина на крилните позиции во баварскиот тим треба да му се придружи Бразилецот Ричарлисон од Ватфорд. Новиот тренер на клубот, Нико Ковач, кој од јуни ќе го преземе кормилото од Јуп Хејнкес, побарал од челниците да доведат свежа крв во офанзивата. Изборот падна на Ричарлисон, кој има одлична сезона во дресот на Ватфорд во Премиер – лигата.
Бразилецот е проценет на 45 милиони евра, а за Баерн Минхен тоа и не е недостижна сума. Во трка за младиот и талентиран фудбалер на Ватфорд се и Јувентус, ПСЖ и Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА