Баерн Минхен го победи Реал во дебито на Азар (ВИДЕО)

Германскиот првак Баерн Минхен со 3-1 го совлада Реал Мадрид во дуелот од Интернационалниот куп на шампионите во Хјустон. Деби настап во дресот на „кралскиот клуб“ имаше Еден Азар.

Баерн Минхен дојде во водство во 15.минута со голот на Корентин Толисо, а во вториот дел погодија и Роберт Левандовски и Серж Гнабри. Единствениот гол за Реал Мадрид беше дело на Родриго во 85.минута.

Се вчитува...