Германскиот првак Баерн Минхен не дозволува најдоброто од Бундес-лигата да се пресели во странство. Иако Леон Горецка имаше понуди од Арсенал и од Ливерпул, сепак, Баерн Минхен успеа да го договори неговиот трансфер. Тој ќе пристигне на лето, по завршувањето на сезоната, откако ќе му истече договорот со Шалке 04, а веќе потпиша четиригодишен „дил“ со Баерн Минхен.
Горецка ги мина лекарските прегледи во редовите на баварскиот клуб и се појавио на презентација со директорот Хасан Салихамиџиќ.
„Среќни сме што Леон Горецка, кој е германски репрезентативец, го одбра Баерн Минхен и покрај интересот за него од неколку други клубови. Веруваме дека ќе биде огромно засилување за нашиот тим од следната сезона“, изјави првиот човек на Баерн Минхен, Карл – Хајнц Румениге.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА