Баерн Минхен го претстави Јулијан Нагелсман – Тука си почитуван само ако освојуваш титули

Јулијан Нагелсман денеска и официјално беше претставен во нов тренер на германскиот гигант Баерн Минхен. На промоцијата Јулијан Нагелсман изјави дека е среќен што добил шанса да води голем клуб каков што е Баерн Минхен.

„Чувството е одлично. Среќен сум што сум тренер на Баерн Минхен. Очекувам возбудлива прва сезона на клупата. Мотивацијата е голема. Знам дека овде си прифатен само ако освојуваш трофеи, тоа и го сакам. Се надевам дека наскоро ќе се вратат и навивачите на трибините“, изјави Нагелсман на промоцијата.

 

 

Се вчитува...