Сандро Вагнер во следните неколку дена и официјално ќе си замине од Баерн Минхен, откако управата на германскиот првак даде зелено светло за неговиот трансфер во кинескиот суперлигаш Тианџин Теда.
Искусниот голгетер се наоѓаше на листата со желби на тренерот на Тианџин, Германецот Ули Штилике, па челниците на кинескиот клуб во последните денови ги интензивираа преговорите со Баерн. На крајот, баварскиот гигант ја прифати понудата во висина од пет милиони евра, па Вагнер ќе се пресели во Кина, потпишувајќи двогодишен договор за вкупна плата од над 20 милиони евра.
Сандро Вагнер пристигна во Баерн од редовите на Хофенхајм, како резервна опција за Роберт Левандовски. Тој лани имаше одлични настапи под водство на Јуп Хејнкес, но бележеше значаен пад во формата откако Ковач седна на клупата на баварскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА