Откако не успеа да добие шанса за настап, Баерн Минхен се реши да го продаде еден од најголемите таленти на германскиот фудбал, Пол Ванер. Негова следна дестинација ќе биде тимот на ПСВ, а „Баварците“ за овој трансфер ќе добијат 15 милиони евра.
Ванер дојде во Баерн од Равенсбург уште пред седум години, кога имаше 12 како еден од најголемите таленти. Играше за сите младинските екипи на „Баварците“, а потоа стигна и до првиот тим, за кого има само осум настапи.
Тој беше на позајмица во последните две сезони, најпрво во Елферсберг, а минатата сезона во Хаденхајм, каде што одигра 28, односно 41 меч, и постигна по шест гола за секој тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

