По доаѓањето на Винсент Компани, Баварците тргнаа во потрага по играчи, а нивна нова мета е Бернардо Силва. Михаел Олисе пристигна од Кристал Палас, а Баерн сака уште еден креативен играч за врска. Силва бележи одлични партии на ЕП, а зад себе има блескава сезона во Манчестер Сити.
Ова е втор Португалец кој сакаат да го доведат во Баерн во летниот преоден рок. Клубот од Минхен ги договорил условите со Жоао Палиња, додека трансферот на Силва се уште е во почетна фаза.
Силва има откупна клаузула од 50 милиони фунти, а неговиот договор со Манчестер Сити истекува во 2026 година. Во текот на кариерата Силва настапуваше за Бенфика, Монако, а од 2017 година е играч на Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА