Баерн Минхен го враќа Дракслер во Бундес-лигата?

Германскиот првак Баерн Минхен ќе се засили со германски репрезентативец во зимскиот преоден рок. Џулијан Дракслер, актуелниот фудбалер на Пари Сен Жермен, треба да биде наследникот на Франк Рибери, кој полека влегува во зрели фудбалски години и повеќе е повреден отколку на теренот.

Дракслер дојде во ПСЖ од Волфсбург, а претходно во Германија настапуваше и во Шалке 04. Но, сега ќе се врати на голема врата, како член на шампионот.

„Таков калибар ни е потребен, и тој дефинитивно е дел од нашите планови за наредниот преоден рок“, потврди и спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ.

Останува трансферот да се реализира, а Дракслер е се почесто на клупата на ПСЖ по доаѓањето на Килијан Мбапе од Монако.

 

Се вчитува...