Баерн Минхен успеа да го договори трансферот на германскиот репрезентативец Ник Волтемаде, кој од Штутгарт треба да пристигне во таборот на „Баварците“. Тој ќе биде замена за Кејн, но и Баерн веќе размислува за иднината и го гледа Волтемаде како иден шпиц.
23-годишниот фудбалер имаше импресивни настапи во штотуку завршената сезона, а со неговите настапи стигна и до дресот на германската репрезентација, и тоа како стандарден првотимец. Волтемаде игра и на младинското европско првенство, и моментално е прв стрелец со шест голови.
Двете страни се договориле на договор на пет години. Веќе се договорени и личните услови со самиот играч. Засега цената не се споменува, но се шпекулира за сума од 30 милиони евра, односно 20 помалку од она што Штутгарт го бараше првично во висина од 50 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

