Баерн Минхен го „згази“ Ајнтрахт Франкфурт во дербито на Бундеслигата (ВИДЕО)

Баерн Минхен веќе сериозно чекори кон титула сезонава во Бундеслигата, откако во 23. коло убедливо со 4-0 славеше во дерби пресметката против Ајнтрахт Франкфурт.

Баварците до водство дојдоа со голот на Олисе во финишот на првото полувреме.

А, потоа целосна доминација на домашниот тим во вториот дел. Најпрво Ито во 62. минута зголеми на 2-0, а потоа Мусиала во 83. минута донесе предност и од 3-0. Конечните 4-0 ги постави Гнабри во третата минута од судиското продолжение.

Се вчитува...