Големото дерби на 5. коло од Бундеслигата помеѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен заврши со поделба на бодовите и реми од 1-1 во натпревар во кој двата гола беа постигнати во првото полувреме.
Андрих донесе предност за „фармацевтите“ во 31. минута, а резултатот го изедначи Павловиќ во 39. минута од средбата.
За Баерн Минхен тоа се први испуштени бодови во сезоната, но и покрај тоа баварците остануваат на врвот на табелата со 13 освоени бодови. Баер Леверкузен е пак на третата позиција со 10 бодови.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА