Баерн Минхен и Џексон – епизода број 2

Баерн Минхен и Челзи ги продолжија преговорите за евентуален трансфер на Николас Џексон во германскиот гигант, објави Скај Германија. Напаѓачот пристигна во Баварија во саботата со план да потпише едногодишен договор за позајмица. Сепак, „сините“ во тој момент играа против Фулам, а нивниот нов напаѓач Лиам Делап беше повреден. Ова го принуди клубот од Стемфорд Бриџ да ги прекине преговорите.

Челси дури и му рекол на Џексон да се врати во Лондон, но самиот фудбалер одбил и инсистира на трансфер во германскиот гигант. Така Челси го повика назад Марк Гиу, а сега почнуваат одново преговорите меѓу Баерн и Џексон.

Исто така Баерн е заинтересиран за Адемола Лукман, но нема какви најави за било каков трансфер, со оглед дека Лукман е во Бергамо, додека Џексон е сега поблиску да потпише за германскиот првак.

Се вчитува...