Баерн Минхен ја задржува сигурно лидерската позиција во Бундеслигата по триумфот од 4-2 против Хајденхејм во 13. коло од германскиот шампионат.
Баерн поведе со голот на Упамекано уште во 18. минута од средбата. Откако гостите израмнија на стартот од вториот дел, потоа следеа голови на Мусиала и Горецка за предност од 3-1 на баварскиот тим. На крајот Мусиала уште еднаш стрелаше за конечни 4-2.
Победа без многу проблеми запиша и Баер Леверкузен од 2-1 против Сент Паули. Домашните поведоа со 2-0 со головите на Вирц и Тах уште во првиот дел кога ги осигураа трите бода.
Лајпциг, пак, со головите на Шешко во првиот дел и Андре Силва од пенал во второто полувреме славеше на гостувањето против Холшеин Кил со 0-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

