Баерн Минхен и Ливерпул се договорија за цената на Мане

Баерн Минхен и Ливерпул се договорија околу цената за Садио Мане, пренесуваат британските медиуми. Како што пренесуваат медиумите од островот, Ливерпул ќе ја прифата понудата на баварскиот клуб од вкупно 42.5 милиони фунти. Од оваа сума, околу 35 милиони фунти ќе бидат платени при самиот трансфер, а остатокот ќе биде врзан со неколку клаузули.

Новата рунда преговори меѓу двата тима ќе биде денеска, а директорот на германскиот шампион, Хасан Салихамиџиќ е подготвен да направи се на „Алијанц арената“ да ја донесе својата примарна мета ова лето.

Од Баерн Минхен веруваат дека ќе успеат да го договорат Садио Мане, а во нивна корист оди и најновата аквизиција на „црвените“, Дарвин Нуњез кој треба да го заземе местото на Мане во тимот од „Енфилд роуд“.

Се вчитува...