Роберт Левандовски во 2022 година се одлучи за промена на средината и дресот на Баерн Минхен го замени со оној на Барселона по трансфер вреден 45 милиони евра. Покрај големата сума издвоена за тогаш 33-годишниот напаѓач во договорот постои и клаузула која се уште му носи пари на германскиот тим.
Истата е поврзана за погодоците на Полјакот во една сезона и тој две години по ред ја исполнува. Имено, доколку Левандовски постигна повеќе од 25 голови на Баерн Минхен му следат дополнителни 1.25 милиони евра.
Во првата сезона голгетерот постигна 33 голови, а бројката од 25 голови за оваа сезона ја надмина на натпреварот против Рајо Валекано одигран пред три дена.
Левандовски има договор со Барселона до 2026 година, а доколку го продолжи трендот на постигнување на 25 или повеќе голови во една сезона може да им донесе и дополнителна заработка на Германците со што вкупниот трансфер би се искачил на 50 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА