По завршувањето на сезоната, Баерн Минхен тргнува во жестока офанзива по фудбалерот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, тврди „Билд“. Баварците сакаат да формираат силен тандем во средниот ред со Мусиала – Вирц, и да владеат со германскиот и европскиот фудбал во идните години.
Сепак, Баерн Минхен ќе има многу сериозна конкуренција во потписот, со оглед дека и Реал Мадрид е силно заинтересиран за неговите услуви, како и Манчестер Сити и Арсенал. „Топчиите“ одамна го следат германскиот фудбалер.
Самиот Вирц изразил желба да се приклучи на тим со кого ќе ја освои Лигата на шампионите. „Фармацевтите“ за него бараат сума од 150 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА