Баерн Минхен има план со Кејн, ќе го донесе и тоа за 0 евра

Големата желба на Баерн во овој преоден рок е Хари Кејн. Англичанецот веќе долго време се поврзува со трансфер во Минхен, но засега од тоа нема ништо реализирано. Тотенхем не отстапува од сумата од 100 милиони евра која ја бара за него. Баерн Минхен понуди 80 милиони плус бонуси.

Меѓутоа „БИЛД“ пишува дека Баерн М. ќе го чека уште една сезона, за да го ангажира англискиот репрезентативец целосно бесплатно. Наводно фудбалерот ги договорил условите со Баерн, и останува само клубовите да постигнат договор. Доколку не успее да се договори, тогаш Баерн ќе го „натера“ Кејн да не го продолжи договорот, и со него ќе има усмен договор за идното лето.

Кејн има договор до 2024 година со Тотенхем, и тоа значи дека идната сезона ќе може да си бара ангажман целосно бесплатно. Баерн и натаму е фаворит за неговиот потпис, а се очекува во следните денови да понудат 90 милиони евра, а дали ќе биде доволно за Тотенхем, останува да се види.

Се вчитува...