Баерн Минхен има „топ-кандидат“ за тренерската позиција

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг е прв кандидат за клупата на Баерн Минхен, пренесуваат германските медиуми.

Раководството на „баварците“ е во потрага по наследник на Нико Ковач, а по последните информации 49 годишниот Холанѓанец е „топ-кандидат“ за испразнетата тренерска позиција. Тен Хаг од 2017 е на чело на тимот од Амстердам. Минатата сезона ја освои двојната круна во домашниот шампионат, а играше и полуфинале во Лигата на шампионите, во кое несреќно загуби од Тотенхем.

 

Се вчитува...