Ангискиот репрезентативец Марк Гехи го привлече вниманието на германскиот првак Баерн Минхен. Дефанзивецот на Кристал Палас е интересна опција за клубот од Минхен, и може да се разгледа можноста за негово потпишување.
Гехи беше летово пред трансфер во Ливерпул, дури веќе се договори со англискиот првак, но во последен миг трансферот го стопираше менаџерот Оливер Гласнер кој се закани со заминување ако стоперот биде продаден.
Во исто време, на мета на Баерн е дефанзивецот на Лјапциг Кастело Лукеба. „Баварците“ бараат замена за Дајот Упамекано кој е слободен агент идното лето и може да си замине без обесштетување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

