Баерн Минхен ја прегази Барселона

Кошаркарите на Баерн Минхен стигнаа до нова, осма победа сезонава во Евролигата откако вечерва на домашен терен во последниот меч од 11. рунда и одржаа лекција на Барселона славејќи со убедливи 100-78.

Баварците уште од самиот старт го презедоа водството и во текот на сите четириесет минути само ја зголемуваа предноста за на крајот да стигнат и до конечни 100-78. Обст кој го урна рекордот со 11 тројки на еден натпревар со 34 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Џабари Паркер заврши со 26 поени.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...