Германскиот првак Баерн Минхен го договори трансферот на францускиот репрезентативец Бенјамин Павар од Штутгарт и тој треба од јуни да пристигне на „Алијанц арена“ за сума од 35 милиони евра. Но, раководството на баварскиот клуб сака да доплати уште 10 милиони евра и да го доведе веднаш во составот на Нико Ковач.
Штутгарт најверојатно ќе ја прифати понудата на Баерн Минхен, а Павар ќе стане најскапото засилување во историјата на Бундес-лигата. Сегашниот рекорд го држи Џулијан Дракслер за кого беа платени 43 милиони евра в0 2015 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА