Баерн Минхен ќе го откупи Хамес Родригез за 42 милиони евра

Раководството на Баерн Минхен е задоволно од настапите на Хамес Родригез во првата сезона од неговата двегодишна позајмица, па затоа одлучи да ја активира клаузулата што ја договори со Реал Мадрид при реализирање на позајмицата и комплетно да го откупи. Баварците ќе исплатат 42 милиони евра за услугите на Колумбиецот. Двегодишната позајмица го чинеше клубот од „Алијанц арена“ вкупно 13 милиони евра, а со претходно договорената сума за откуп трансферот на Хамес во редовите на германскиот првак ќе стане перманентен.

Одлуката на Баерн Минхен е конечна, иако челниците на клубот имаат уште една сезона пред себе за да се одлучат дали да го остварат овој ангажман. Сепак, тие се задоволни како Хамес игра под водство на Јуп Хејнкес и сметаат дека и во иднина ќе биде многу важен играч за нив. Колумбискиот репрезентативец се чувствува удобно во клубот, иако имаше тежок почеток на сезоната, игра многу подобро откако Хејнкес пристигна на клупата и воспостави ред во соблекувалната.

Родригез сезонава настапи на 28 мечеви во сите натпреварувања на кои постигна пет гола и 11 асистенции.

 

Се вчитува...