Баерн Минхен работи напорно за да го ангажира Флоријан Вирц и има неколку опции како да го обезбеди потписот на офанзивниот играч за врска. Според новинарот Кристијан Фалк, Баварците се подготвени да се разделат со еден од нивните најголеми таленти за да постигнат договор со Баер Леверкузен за Вирц.
Баерн е свесен дека на „аспирините“ им се допаѓа 18-годишниот напаѓач Пол Ванер , кој моментално игра како позајмен во Хајденхајм. На Алијанц Арена, тие се подготвени да го понудат Ванер како трговска монета за Вирц и, нормално, да додадат сериозна цена за трансфер.
За Вирц има интерес и од европскиот првак Реал Мадрид, како и од Манчестер Сити. Тој го сврте вниманието кон себе лани, откако на Леверкузен му ја донесе историската прва шампионска титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА