Германскиот првак Баерн Минхен го тресе голманска криза. По повредите на Мануел Нојер и на Свен Улрих, на последниот меч против Ајнтрахт Франкфурт меѓу диреците застана ветеранот Том Штарке, кој всушност е и тренер на голманите во клубот. Тоа е аларм за раководството да ангажира нов чувар на мрежата во зимскиот преоден рок.
Според германските медиуми, прв „пик“ е голманот на Баер Леверкузен, Бернд Лено. Тој има договор со „фармацевтите“ до 2020 година, но и клаузула од 18 милиони евра која Баерн Минхен би можел да ја активира и да го доведе Лено на „Алијанц арена“. Тој би бил идеален и поради фактот дека има 25 години, па би можел долг период во иднина да го носи дресот на Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА