Баерн Минхен ќе направи се да го задржи Мусиала

Младата ѕвезда на Баерн Минхен, Џамал Мусиала го привлекува вниманието на најголемите европски клубови.

Затоа челниците на клубот од „Алијанц арена“ решија што поскоро да му понудат продолжување на договорот, а веќе почнаа првите разговори за тоа.

Баерн е подготвен да му понуди значителна сума во однос на фиксни плати и бонуси за да го задржи во клубот. Баерн Минхен притиска сега да се стигне до нов договор, бидејќи тековниот истекува во јуни 2025 година.

Инаку, за Мусиала веќе сериозен интерес покажаа последните два клупски шампиони на Европа, Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Се вчитува...