Фудбалерите на Баерн Минхен ќе почекаат уште малку за 34. титула во германската Бундеслига, откако денеска во неверојатен меч во 32. коло ремизираа на гостувањето кај Лајпциг со 3-3.
Гостите стигнаа до брзо водство од 1-0 со голот на Шешко во 11. минута. До крајот на првиот дел беше и 2-0 откако прецизно стрелаше Клостерман.
Во вториот дел следуваше неверојатен блиц-криг на гостите. Прво преку Дајер во 62. минута намалија на 1-2, додека само една минута подоцна беше и 2-2 со погодокот на Олисе. Баварците направија целосен пресврт преку Лирој Сане во 83. минута за 2-3. И кога се беше подготвено за славје, Јусуф Поулсен во 95. минута стрелаше за 3-3.
RB Leipzig 2 – [3] Bayern Munich – Leroy Sane 83'
by insoccer
Во останатите натпревари во понудата од 15.30 часот: Борусија М. – Хофенхајм 4-4, Сент Паули – Штутгарт 0-1 и У. Берлин – Вердер Б. 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

