Германскиот првак Баерн Минхен го пронајде наследникот на Роберт Левандовски во редовите на Манчестер Сити. Раководството на баварскиот клуб ќе понуди 100 милиони фунти за ангажман на бразилскиот напаѓач Габриел Хесус, откриваат медиумите во Германија. Левандовски повторно се поврзува со можен трансфер во Реал Мадрид, а Нико Ковач сака навреме да се осигура дека ќе има квалитетна замена.
Баерн Минхен минатото лето беше заинтересиран за Лирој Сане, но крилниот напаѓач на Манчестер Сити сериозно ги повреди лигаментите на коленото во претсезоната и трансферот пропадна. Сега фокусот го врти кон Габриел Хесус.
Манчестер Сити го доведе Бразилецот од Палмеирас во 2016 година за 30 милиони фунти, а тој во победата над Кристал Палас го постигна 50. гол во дресот на „граѓаните“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА