Баерн Минхен комплетно ќе го откупи Хамес Родригез за 42 милиони евра

Германскиот првак Баерн Минхен е задоволен од настаопите на колумбискиот интернационалец Хамес Родригез, кој како позајмен играч од Реал Мадрид дојде на „Алијанц арена“, и одлучи да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната. Според медиумите во Германија, трансферот ќе чини 42 милиони евра. Тренерот Јуп Хејнкес го советувал раководството на клубот да не го испушти лесно одличниот играч за врска кој убаво се вклопи во составот на баварците.

Хамес Родригез дојде на двегодишна позајмица во Баерн Минхен, а според записите во договорот, Реал Мадрид нема право на вето, доколку баварскиот клуб сака да ја активира клаузулата за комплетно откупување на Колумбиецот. За првите две години од позајмицата, германскиот клуб плати сума од 13 милиони евра.

 

Се вчитува...