Фудбалерките на Баерн Минхен наскоро би можеле да добијат нов стадион, откриваат германските медиуми. Баварскиот гигант е во преговори за откупување на стадионот „Спортпарк“ во Унтерхахинг.
Преговорите се во напредна фаза и за овој проект Баерн Минхен се очекува да одвои околку 7.5 милиони евра само за стадионот и дополнителни 5 милиони евра за санација и адаптирање на современи услови.
Причината за овој потег е тоа што фудбалерите на Баерн Минхен сега домашните натпревари ги играат на комплексот на Баерн Минхен кој има капацитет од 2.5 илјади навивачи, но овој капацитет е премал за растчкиот клуб.
Дополнително, малиот стадион не ги задоволува условите за разигрувањето за титула во Лигата на Шампионите, а пак главната арена во Минхен која има капацитет од 75 илјади навивачи е преголема за женскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

