Баерн Минхен максимален, Јувентус ја освои Москва

Германскиот првак Баерн Минхен со триумф ја почна ерата по заминувањето на Нико Ковач и го продолжи максималниот ефект во групата Б. Баварскиот тим славеше против Олимпијакос со 2-0 и има максимални 12 бода на врвот на табелата. Тоа значи дека веќе е патник во осминафиналето.

Роберт Левандовски во 69.минута го отвори резултатот, а Иван Перишиќ дваесет минути подоцна го постави конечниот епилог на дуелот.

Јувентус во последните мигови од мечот во Москва стигна до триумф (1-2) против домашниот Локомотив и исто така обезбеди пласман во осминафиналето. Даглас Коста во 93.минута постигна победнички погодок.

Арон Рамзи во четвртата минута го доведе Јуве во водство, а израмни Алексеј Миранчук во 12.минута. Јувентус е првопласиран на табелата во групата Д со десет бода, три повеќе од Атлетико Мадрид.

Се вчитува...