Баерн Минхен му го сврте грбот, но Милер не планира предавство: Заминува од Европа

Легендарниот германски фудбалер Томас Милер за прв пат во кариерата ќе прифати нов предизвик откако раководството на Баерн Минхен одлучи да не му понуди нов договор на напаѓачот кој потекнува од младинската школа и дебитираше за сениорскиот тим во 2008 година.

На 35-годишна возраст Милер не размислува за пензија, но се чини дека за него нема друг клуб во Европа освен Баерн Минхен. Според германските медиуми за него новиот предизвик ќе биде во првенството на Австралија.

Веќе подолго време се водат преговори за преселба во редовите на Сиднеј кои сега се во завршна фаза. Главна улога во неговиот ангажман има Александар Баумјохан, поранешниот соиграч на Милер кој сега ја врши улогата на шеф за управување со играчкиот кадар во австралискиот клуб.

Се вчитува...