Баерн Минхен: Му испративме конкретна понуда на Дејвис, сега на него е редот

Баерн Минхен по секоја цена сака да го задржи Алфонсо Дејвис, и да не дозволи тој да се пресели во Реал Мадрид, согласно најавите од медиумите во Германија и во Шпанија.

За таа цел најголемиот германски клуб веќе му дал понуда на Канаѓанецот, и сега очекуваат од него да се изјасни дали ја прифаќа понудата, или дефинитивно ќе дојде до разделба во летниот преоден рок.

„Му испративме на Алфонсо многу конкретна понуда. Сега треба да каже да или не“, изјави спортскиот директор на клубот Макс Еберл.

Тој кажа дека досега не добиле понуда од Реал.

„Реал Мадрид никогаш не не’ контактирал за Дејвис“, рече Еберл.

Се вчитува...