Пред почетокот на новата сезона од Лигата на шампионите во новиот формат, се случи несекојдневна ситуација во Минхен, пред дуелот меѓу Баерн и Динамо Загреб.
Имено, челниците на баварскиот гигант им забранија на играчите на Динамо да тренираат на теренот каде вечерва од 21 часот ќе го одиграат натпреварот од првото коло во елитното натпреварување.
Причината е многу лошата состојба на теренот кој се наоѓа на „Алијанц арената“, кој не е променет од Европското првенство кое заврши пред два месеци. Хрватските медиуми пренесуваат дека теренот е полн со дупки и прилично нерамен и затоа Баерн ја „спушти рампата“ за Динамо.
Минхенскиот клуб дури двапати ја менуваше подлогата од полуфиналето на ЕП на 10 јули, но тоа не помогна, бидејќи високите температури не дозволија да порасне нова трева. Затоа Динамо не тренираше во Минхен, туку тоа го правеше преку ден во Загреб, а во вечерните часови во понеделник играчите можеа само да се фотографираат на стадионот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА